Банките во 2024 со пониски камати и зголемена побарувачка за кредити

Крајот на годината носи олеснување во кредитирањето

Банкарската 2024 година ќе заврши со намалени каматни стапки и зголемена побарувачка за кредити од компаниите и домаќинствата, според најновите податоци на Народната банка на Македонија (НБМ). Просечната камата за новоодобрени кредити за компании, за прв пат по една година, е намалена под 5%.

Според НБМ, банките очекуваат тренд на натамошно олеснување на кредитните услови до крајот на годината, особено за претпријатијата. Заклучно со октомври, вкупната задолженост на компании и домаќинства достигна 7,7 милијарди евра, што претставува раст од 9,2% на годишно ниво.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial