Претседателката на Парламентот на Србија, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека претставниците на опозицијата сакаат граѓанска војна, а владејачката коалиција, претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот Милош Вучевиќ сакаат работа и просперитет на Србија со цел да се подобрат стандардите на сите граѓани на Србија.
Брнабиќ за РТС изјави дека штетата направена вчера во Народното собрание ќе чини многу, и ќе даде сѐ од себе таа штета да ја понесе опозицијата на чело со Драган Ѓилас.
Пратеникот на Зелено-левиот фронт Радомир Лазовиќ денеска изјави дека вчерашната седница на Собранието ја покажала политичката криза во која се наоѓа државата и потсети дека опозицијата сакала на дневен ред да се расправа за смена на Владата, што Владата го одбила.