Скопје со нездрав воздух денеска е на четврто место по загаденост во светот

Според платформата, во моментов воздухот во главниот град е означен во категоријата „нездрав“

Големата загаденост на воздухот вчера вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити рече дека е од затоплувањето на домовите, но и од урбаниот транспорт

Скопје денот го почна со индекс на загадување 168 што на платформата Ај-кју-ер го стави на четврто место на листата на најзагадени градови во светот.

Според платформата, во моментов, воздухот во главниот град е означен во категоријата „нездрав“.

 

Главен загадувач што е наведен се ПМ 2,5 честичките чија концентрација е 79,5 микрограми на кубен метар, додека ПМ 10 честичките се со концентрација од 83,9 микрограми на кубен метар. 

Според упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација (СЗО), концентрацијата на ПМ 2,5 во главниот град во моментов е 15,9 пати поголема од годишната вредност.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial