Претседателот Стево Пендаровски, кандидатот за претседател на владејачкиот СДСМ во рамки на кампањата пред вториот круг од претседателските избори вечерва имаше средба со граѓани на Охрид, пред кои зборуваше за концептот за кој се залага и ја бара нивната доверба, за европската иднина на земјата, наспроти регресивната политика на опозицијата што, според него, ќе ја однесе земјата во изолација.
Тој ја искористи можноста да потсети на годишината од случувањата во македонскиот Парламент, и упадот пред седум години во кој, како што рече, бевме нападнати од истите луѓе што претендираат да ја водат државата,…
-Три века наназад во ниту еден европски парламент не е забележано да се направи насилен упад да се спречи мирен трансфер на власта на оние кои ја добиле довербата на граѓаните,…Тоа е една од главните работи по што оваа гарнитура се разликува од нив, дека откако ќе се изгубат изборите еден ден, да организираме насилници кои ќе тепаат колеги за да спречиме заминување од власта. Тоа е нивна карактеристика, особено што седум години од тој чин не најдоа сила не беа доблесни да се извинат, рече Пендаровски.