СДСМ е партија со традиција, пркос и одлучност за евроатланска иднина на Македонија, порача Ковачевски од Гостивар

Ние немаме на листите кандидати од минатото како што има ДУИ или третиот ешалон на Никола Груевски како што има ВМРО-ДПМНЕ. Ние имаме млади, прогресивни луѓе и затоа немојте да се плашите за иднината на Македонија. Ова вечерва на митингот во Гостивар го порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски

Кој е вашиот пат? Ќе излезете од НАТО, ќе ги прекинете преговорите со Европската Унија, ќе ги затворите границите со соседите?

Ова се прашањата што носителката на листата од СДСМ во шестата изборна единица, Славјанка Петровска вечерва од Гостивар ѝ ги постави на опозицијата велејќи дека патот кон иднината е тежок и макотрпен, но дека друг пат нема.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial