Без да понуди некој опиплив доказ туку потпирајќи се „информации што ги добивам во последно време“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека власта подготвувала сценарија за наводно изигрување на изборната волја на граѓаните.
„Иако народот е определен и е јасно дека власта ја чека пораз, сакам да предупредувам дека знаеме со кого си имаме работа. И забрзано овие денови спремаат повеќе сценарија со кои сакаат да ја изиграат волјата на народот и да го ублажат поразот“, рече Христијан Мицкоски на митингот во Гази Баба, Скопје.
Мицкоски додаде дека Ковачевски веројатно поучен од некои ментори со искуство внатре во партијата, играл опасна игра.