Кандидататката за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова вечерва се обрати пред граѓаните на Кочани.
Таа кажа дека на минатите избори на сите дебати го победила Стево Пендаровски, и најави дека и сега ќе го победи на било кое место.
„Тезата едно општество за сите е целосно погрешна и нелогична. Сведоци сме дека имаме две општества и тие не живеат заедно, оти лидерите на тие општества склучуваат договори врз основ на бизнис политика. Ви ветувам дека како што достојно сум се однесувала во образованието, како што сум ги почитувала студентите, сум им се посветувала, сум сочувствувала, сум ги учела и сум учела од нив, така ќе се однесувам и со политичката функција. На минатите избори Пендаровски сите дебати од мене ги изгуби, нека одбере место, нека одбере формат и пак ќе го победам!“, рече Силјановска-Давкова.