Еден човек колку и да сака не може самостојно да ја турка државата напред… Но, ветивме дека Македонија ќе ја направиме членка на НАТО и тоа го направивме после 25 години статус кандидат… Огромен исчекор направивме и во преговорите со ЕУ, после 17 години во чекалната конечно ги отворивме преговорите. За жал, во моментот кога најмалку тоа го очекувавме нашиот источен сосед постапи комплетно антиевропски и не блокираше на тој пат. Меѓутоа и со тоа можевме лесно да се избориме ако внатре во државава немавме опозиција која ‘де факто’ е на истите антимакедонски позиции и ги поддржува сите опструкции кои ни доаѓаат од таа страна. Тоа меѓу другото го истакна претседателот Стево Пендаровски, кандидатот за претседател на владејачкиот СДСМ вечерва на предизборниот митинг одржан во Охрид.