Со повреди облеана во крв жената била пронајдена во семејниот стан во градот Есен, од страна на нејзниот 16 годишен син, кој веднаш ја алармирал полицијата. Лекар од Итната медицинска помош и болничари се обиделе да ја реанимираат мајката, но таа им подлегнала на повредите.
Убиството се случило на 15 овој месец, а полицијата на самото место пронашла докази кои, според соопштението, укажуваат дека осомничен е 47-годишен маж со македонско потекло. Пред да биде уапсен, по него била распишана потреница, го барале повеќе од 100тина полициски служееници, а во потрагата бил вклучен и полициски хеликоптер, но подоцна тој сам се пријавил во полиција.
„Имало докази за 47-годишниот осомничен (Македонец), кој е сопруг на починатата жена. Полицијата покренала потрага по осомничениот, кој бил во бегство, мажот бил приведен откако, преку итен повик се пријавил во полиција во Гелзенкирхен и бил уапсен во соседниот град без да пружа отпор на службите за итни случаи.“
Се наведува во извештајот на полицијата во Есен, Германија
Жртвата била мајка на 7 деца, а мажот убиството го извршил пред нивниот најмал 8 годишен син. Децата веднаш биле згрижени од страна на тамошните центри, а подоцна и од страна на роднини на семејството. Братот на убиената македонка, за Фокус, изјави дека неговата сестра, Ванеса со која не разговарале со години, токму поради закани од страна на нејзниот маж, е погребана денеска на градските гробишта во Есен. Тој раскажува дека Ванеса била контролирана од нејзниот сопруг, кој бил многу љубоморен и не и дозволувал да контактира со семејството.
Според изјавата на братот, таа неколку пати го пријавила сопругот поради насилно однесување во полиција, но на крај ги повлекувала пријавите.
За само неколку дена ова е втор случај, пред три дена германските медиуми јавија дека во градот Есен, викендот, бил убиен 32-годишен македонски државјанин. Тој бил претепан до смрт од страна на двајца Еритрејци на возраст од 25 и 29 години кои, како што јавија медиумите, го тепале со пивско шише додека тој не изгубил свест.