Македонскиот маратонец Дарио Ивановски, кој вчера оствари национален рекорд во маратонската трка во Севиља, Шпанија, и официјално ќе учествува на Европското првенство во Рим, кое се одржува од 7 до 12. јуни годинава.
Ивановски ќе трча во дисциплината полумаратон. Се очекува Ивановски да нападне нов рекорд, а да се бори дури и за медал, со оглед дека е во голема форма, а тоа го покажа и со вчерашниот рекорд.
Ова ќе биде вистинско загревање за Ивановски пред престојните Олимписки игри во Париз.