Турски актер претепан до смрт во Истанбул

Емре Ајтекин бил претепан во ресторан за брза храна во Истанбул, откако неговата вереница, актерката Сандра Зепин била малтретирана од двајца мажи, а тој се обидел да ја заштити.

Турскиот актер Емре Ајтекин почина на 32-годишна возраст во Истанбул. Познатиот актер и музичар во Истанбул бил претепан додека се обидувал да ја заштити својата вереница, актерката Сандра Зепин, а потоа им подлегнал на повредите, пренесува Н1.

Според извештаите, Сандра Зепин  ѕвездата на филмот „Збогум Германија“, го ризикувала сопствениот живот за да го спаси својот вереник, но немало помош.

– Се обидов да ги одвлечам напаѓачите од Емре, но и тие ме нападнаа и мене. Очите на Емре беа отворени и имаше многу крв. Ме погледна, му реков дека го сакам, дека не ме остава сама… – раскажа Сандра за трагичниот момент.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial