Амбасадорот на Македонија во Италија, Весел Мемеди со нота го известил итлијанското МНР дека валидните патни исправи со “Република Македонија”, од 12.02.2024 се неважечки. Оваа информација на социјалните медиуми ја објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошевски, каде се вели дека амбасадорот постапил спротивно на интересите на 100 илјади македонски државјани кои се во Италија.
– “Амбасадорот на МК во Рим, г-н Мемеди, со нота го известил италијанското МНР дека валидните патни исправи со “Република Македонија”, од 12.02.2024 се неважечки.
Со тоа, наместо да ги штити, амбасадорот постапил спротивно на интересите и 100.000 македонски државјани во Италија“