Откако стана јасно дека Владата направи невиден хаос околку издавањето на личните документи од таму предизборно решија замената на возачките и сообраќајните дозволи до крајот на годината да биде бесплатна за граѓаните, а по реакциите на јавноста бесплатни ќе бидат и патните листови што ќе им се издаваат на нашите граѓани во странство.
Откако задолжителна стана и налепницата НМК на регистарските таблички и таа стана бесплатна за македонските граѓани додека меѓународниот код МКД на сообраќајните дозволи е валиден и не се менува. Од владата признаваат дека граѓаните кои веќе извадиле документи на свој трошок се дикриминирани – се бара чаре за нивно обештетување.
Околу 350.000 налепници се дистрибуирани до станиците за технички преглед, но од Министерството за внатрешни работи велат немаат точна бројка за колку возила се потребни.