Традиционалниот карневал во Рио започна на 2 февруари и ќе трае до 17 февруари. Toa е „камбекот“ на добро познатата манифестација, која едни ја слават, а други остро критикуваат.
Карневалот минатата година повторно се одржал по паузата поради пандемијата на Ковид-19, поради што фестивалот не бил организиран во 2020 и 2021 година, а во 2022 година бил одржан само за локалните жители и под одредени други ограничувања. Покрај славењето на враќањето во старите времиња, на карневалот се славела и победата на Луис Игнасио Лула да Силва од левичарската Работничка партија на претседателските избори во октомври 2022 година, над Жаир Болсонаро, кој е обвинет за автократија.
Фестивалот го добил своето продолжение, костимите се екстремно провокативни, танчарките во јавноста излегуваат со разголени гради.
„Карневал на животот и слободата“, претходно бил опишан настанот и најавено било дека на традиционалната манифестација која ќе се организира и во Салвадор, Ресифе и Сао Паоло ќе присуствуваат десетици милиони луѓе.
Вивиен Мораис Фереира Гимараеш работи како улична продавачка на брза храна, а за време на карневалот танцува самба како претставничка на училиштето „Unidos do Porto da Pedra“. Таа изјавила дека поради начинот на кој ги претставувале танчарките, како и многубројните предрасуди, таа и останатите танчерки биле изложени на навреди, па некои дури им предложиле и да се занимаваат со проституција.

Загриженост изразила и Рајане да Силва Фереира, танчарка која ја претставува школата за самба „Acadêmicos do Salgueiro“ и која смета дека танчарките на карневалот се „претерано сексуализирани“. „Нè малтретираат секогаш и секаде“, нагласила три години пред што короната ја нарушила организацијата на карневалот.
Фернанда Флорентино, претставничка на неколку школи за танц, истакнала дека сексуалното вознемирување на танчарите не е ограничено само на карневалските изведби.

Семејниот живот на самба танчарките честопати е полн со компликации. На пример, Рајане на крајот се развела од сопругот кој бил против нејзината љубов кон карневалското танцување.
21-годишната претставничка на школата за самба „Unidos de Vila Isabel“ раскинал со своето момче: „Ми рече да бирам меѓу карневалот и него. Карневалот е мојот живот, па затоа го избрав карневалот, пренесува qcostarica.com.

Д-р. Розане Борхес, која предава новинарство на Универзитетот во Сао Паоло, изјавила дека сликата за жената често е сексуализирана до точка на вулгарност на карневалот и истакнала дека постои расна дискриминација кон танчарките, како и инаку во бразилското општество.

Пред неколку години, карневалот бил најавен со страшни статистики: над 500 случаи на расизам, сексизам и хомофобија – како и повеќе од 200 пријави за грабеж и обид за силување. Прашање е колку непријавени случаи имало. Полициските извештаи покажале дека насилството врз жените е зголемено за неверојатни 174%. Бразилскиот фотограф Жулиен Албакерки се обидел да ги овековечи тие моменти.

Оваа година Рио е во знакот на танцот, веселбата и женските облини. Што треба да се направи за приказната за карневалот да биде сосема поинаква е прашање на кое надлежните се чини воопшто не обрнуваат внимание. Вистината останува во втор план, а како главна вест се издвојуваат „веселите“ фотографии.