Енцо: Не сакам да заминам од Челси

Аргентинскиот фудбалер Енцо Фернандез беше еден од стрелците на головите во победата на Челси против Кристал Палас (3-1), а по натпреварот зборуваше за неговата иднина откако во изминатите денови се појавија шпекулации дека не е среќен во Лондон.

Медиумите пишуваа дека Енцо побарал трансфер од Челси во летниот преоден рок, но Аргентинецот тврди дека тоа не е вистина и сака да остане во редовите на премиерлигашот.

„Не сакам да заминам од Челси. Се чувствувам убаво во тимот од првиот ден. Луѓето во клубот ме почитуваат и благодарен сум поради тоа. Ќе останам во клубот додека ме сакаат. Не знам од каде се појавија шпекулациите, но сите се лажни“, кажа Енцо.

Челси по 24 одиграни кола има 34 бодови и се наоѓа на 10. позиција во Премиерлигата.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial