Џафери: Се најдов пред многу предизвици, но ќе имаме одлука во полза на граѓаните

Техничкиот премиер Талат Џафери при денешната посета на тетовското село Селце каде што се поставуваше камен темелник за изградба на ново училиште, рече дека изминативе десетина дена се нашол пред многу предизвици, вклучувајќи го и актуелниот предизвик со личните документи.

 

 

Тој истакна дека денеска во Собранието ќе имал средба со пратениците, се со цел да се изнајде соодветно решение, односно одлука која би била во полза на граѓаните кои го имаат старото име на државата.

 

„Јас сум свесен дека во овие десет дена се најдов пред многу предизвици во „цајт нот“, ако може така да се каже. Секако дека ние ги имаме преземено сите можности и евентуални решенија кои би биле во полза на граѓаните и секако ние размислуваме и за законско решение и во текот на денот ќе имаме соодветно решение и одлука имајќи во предвид дека денеска треба да сум во Собранието поради други обврски. Секако веќе е договорено да имаме заедничка средба со пратениците и евентуални решенија да ги дефинираме преку закон, рече Џафери.

Тој дополни дека можни се и донесување на одлуки на владата поврзани со личните документи

„Другиот дел од решенијата можни се преку одлука на Влада, тоа што е соодветно и можно да се спроведе и изведе преку одлука на Влада секако работиме на тоа и ќе имаме сооветна одлука и решенија за прашањата кои се актуелни. Сега треба да си ги согледаме сите аспеки таму каде што е можно продолжување на рокот да се продолжи таму каде што има потреба од друг вид на одлука да се спроведе друга одлука“, рече техничкиот премиер Талат Џафери.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial