Од македонската амбасада во Лондон на фејсбук известија дека сите македонски државјани кои престојуваат во Обединетото Кралство и Ирска може да аплицираат за издавање на пасош во МК Амбасадата во Лондон, со закажување на термин, преку меил: london@mfa.gov.mk со назнака “Обнова на патна исправа”.
Македонските амбасади во Берлин и во Лондон на нивните официјални фејсбук страници објавија инструкции за државјаните на РепубликаМакедонија кои престојуваат во странска држава и кои до 12 февруари 2024 година се уште немаат извадено нов пасош, а имаат намера да аплицираат за издавање на пасоши во Македонија, дека можат да се вратат во земјата со Патен лист што се вади без термин, со важност на траење од 30 дена од денот на издавање и служи само за враќање во државата.
Патни листови, стои во објавите од Амбасадите ќе чинат 30 евра и ќе паднат на трошок на македонските државјани.