Oваа сабота е отворен ден во ЈП „Лајка“. Како што велат оттаму вработените со нетрпение ги очекуваат оние што сакат да вдомат куче да ги посетат.
-ЈП „Лајка“ е во моментов времен дом на 105 кучиња, сите посебни по својот карактер, изглед и карактеристики. Но едно нешто важи подеднакво за сите – на секое бескрајно му треба љубов, семејство, дом – соопштија од претпријатието.