Вчера во јавноста излезе вибер пораката што ја има пратено министерот Груби до директорите на ДУИ каде им се посочува да не ги прифаќаат и да не ги потпишуваат решенијата од минисерот Меџити кој наскоро ќе биде сменет.
– “Почитувани, ниту еден наш директор за здравство да НЕ прифаќа никакво решение на министерот во заминување Фатмир Меџити, доколку му треба годишен одмор, боледување или едноставно не ја прифаќа евентуалната одлука на министерот“ се вели во пораката на Груби што ја има испратено до директорите на ДУИ во Клиничкиот центар.