Најбогатите спортистки во светот на спортот се тенисерки

Светскиот женски тениски рекет број еден Полјачката Ига Швјонтек, е најплатена спортистка за минатата година со заработувачка од 23,9 милиони долари, од кои 9,9 милиони од турнири и 14 милиони од спонзорите. Интересно е што на листата доминираат тенисерите кои заземаат дури девет од десет први места.

Единствен исклучок е Кинеската Ајлин Гу, олимписка шампионка во скијање во слободен стил, која е на второто место. Минатата година заработила 22,1 милиони долари.

По неа следи освојувачката на САД Опен, со заработка од 21,1 милион долари. Гоф е многу популарна, па освен од турнирите добива сериозни пари и од спонзорските договори во САД. Од своите спонзори Американката доби околу 15 милиони долари.

По овие три спортиски до десеттото место на листата најплатени следат: Ема Радукани, Наоми Осака, Арина Сабаленка, Елена Рибакина и Џесика Пегуља.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial