Британскиот аналитичар Леон Хартвел, истакнува дека руското заземање на Авдијивка ќе им овозможи на руските сили да ги консолидираат позициите околу Бахмут, да ја олеснат нивната контрола на автопатот меѓу Доњецк и Краматорск и генерално, да ги подобрат логистичките способности на Москва во Доњецк.
Украинскиот град Авдијивка, место на жестока битка со месеци, наскоро би можел да падне, пишува Њусвик. Како што пренесуваат украинските канали на Телеграм, ситуацијата за киевските сили е сѐ покритична, а руските трупи напредуваат. Минатиот октомври Русија започна офанзива врз населбата, која се смета за порта кон блискиот град Доњецк, окупиран од Русија.
Русија претрпе огромни загуби, без разлика дали во војници или во опрема. Се зборуваше дека руските војници биле топовско месо бидејќи нивните команданти ги испраќале да загинат во бескрајни напади. Но и покрај големите загуби, руските сили напредуваа малку по малку, а украинските канали на Телеграм сега признаваат дека градот е пред пад.
Канал „Украина фајтс“ во неделата објави дека „ситуацијата во градот станала критична“, додавајќи дека руските јуришни авиони влегле во градот од североисток и дека руските трупи ги заобиколиле украинските борбени формации и се зацврстиле во зградите.
„Тоа значи дека се оддалечени неколку стотици метри од главната логистичка артерија на украинските бранители. Се решава судбината на Авдијивка“ – се наведува во соопштението.