БЕКИМ НЕЗИРИ, КОЈ Е ОБВИНЕТ ЗА УПАДОТ ВО М-НАВ, СМЕНЕТ ОД ПАРТИСКАТА ФУНКЦИЈА

Партискиот функционер на ДУИ Беким Незири, кој е осомничен во предметот за насилен упад во Македонската навигација и физички напад врз контролор на летањесиноќа бил на партиски состанок на ДУИ во Чаир, заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби и со министерот за надворешни работи Бујар Османи. На овој состанок, според објавата на самиот Незири на Фејсбук, тој е сменет од функцијата претседател на партискиот огранок на ДУИ во Чаир.

Суат Алија, оперативниот секретар на огранокот Чаир, ќе раководи со штабот на огранокот Чаир! Почитувани членови, симпатизери и високо почитувани граѓани на Чаир, ве известувам дека на состанокот одржан вечерва, огранокот Чаир предложи и едногласно одобри на чело на Штабот на Чаир да биде Суат Алија, а заменик шеф на кабинет Бујар Османи и Артан Груби. Секретар на Штабот ќе биде Назим Буши, како и член на раководството на Штабот Ејуп Алими. Со овој избор, изборот на локалните шефови на кабинети, шеф на кабинет на Младинскиот форум и Секретаријатот за еднакви можности, полека се формира структурата на штабот и победничкиот тим. Посакувам од сè срце да имаме достоинствена кампања, да се натпреваруваме со конкретни програми и проекти и да го извојуваме најдоброто за граѓаните, што несомнено ќе биде ДУИ со нашиот лидер, лидерот на Албанците Али Ахмети!“ – напиша Незири на Фејсбук.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial