Мајли Сајрус ги привлече сите погледи со модниот изглед на овогодинешното доделување на Греми наградите.
Иако се пресоблече неколку пати, најголемо внимание украде фустанот што го носеше на црвениот тепих на почетокот на вечерта.
Проѕирниот фустан во златна боја е дело на модната куќа Maison Margiela. Тие сега објавија детали за изработката на креацијата. Фустанот го дизајнирал креативниот директор на брендот, Џон Галијано.
За изработка на фустанот потребни биле 675 часа.