Најголемата ѕвезда на Ц. Звезда Милош Теодосиќ во преговори со италијански – второлигаш!

Претседателот на италијанскиот тим Трапани, Валерио Антонини, ја шокира јавноста со големите планови за тој клуб, во кои централно место има поранешниот српски репрезентативец, Милош Теодосиќ.

Антонини сака да атакува на пласман во елитниот ранг, за што дополнително би го засилил тимот.

„На нашите навивачи и на градот сакам да им овозможам место во Серија А и веќе размислуваме за следната сезона бидејќи нема да бидеме неподготвени. Веќе имаме договор со двајца одлични кошаркари, а во преговори сме и со кошаркар кој настапува во Србија и кој веќе бил во Италија“, изјави Трапани.

Новинарот на „Кориере дело спорта“ веднаш го праша дали мисли на Теодосиќ, кој играше за Виртус Болоња, а сега ги брани боите на Црвена звезда.

„Добро чувство за сензација имате“, кусо одговори Трапани.

Италијанскиот медиуми наведува дека покрај Теодосиќ, многу други српски кошаркари кои настапувале во екипи од Италија, како Данило Анѓушиќ (Виртус), Немања Недовиќ (Армани) и Алекса Аврамовиќ (Варезе). Трапани во моментов е убедливо прв на табелата на „Зелената група“ од Серија А2 со скор 21-1.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial