Експлозија во воена фабрика во Србија: Шест работници се повредени

Во воената фабрика „Милан Благојевиќ – наменска“ во Лучани утринава избувнал пожар во еден погон, а шест работници се повредени. И тоа е последната несреќа што се случила од формирањето на таа фабрика во 1949 година.

Од воената фабрика МБ Наменска соопштија дека пожарот избувнал во погонот за производство на еднобазен барут. Пожарот настанал на самиот крај на процесот при празнењето на машината, а на Инстаграм страната „192_rs“ се објавени првите слики пред болницата во Чачак по пожарот во фабриката. Пред болницата се собраа колегите и семејствата на повредените.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial