Пожар над Скопје, видлив од повеќе скопски населби, синоќа ги вознемири скопјани.
– Пожар на планината Жеден, над селото Кучково, гори претежно трева и грмушки, информираа вчера од Центарот за управување со кризи.
За пожарот се огласи и градоначалникот на општина Ѓорче Петров Аелксандар Стојкоски.
– Информиран сум за пожарот кој во моментов се уште беснее на ридот над Кондово, односно на пределот кон село Рашче. Сите надлежни институции се навремено информирани и ситуацијата е под контрола. Будно ја следиме ситуацијата и доколку е потребно, веднаш дополнително ќе се интервенира, порача тој синоќа и упати апел за смиреност помеѓу жителите на Ѓорче Петров, се со цел да не се создава непотребна паника кај населението.
Од ЦУК рекоа дека поради непристапниот терен скопската БППЗ не може да интервенира, а се очекуваше во текот на ноќѕа сам да се изгаси од ниските температури.
Детални информации за ова очекуваме во текот на денот.