Илјадници евра пари на граѓаните од општина Велес и Марко Колев за јадење, пиење и сместување завршиле на сметка на Хотел Романтик на Велешко езеро.
Соогласно податоците достапни на страницата на Отворени Финансии, Општина Велес има исплати до Хотел Романтик во вредност од неверојатни 800 илјади денари или приближно 13 илјади евра пари на општината кои се потрошени за јадење и пиење во периодот од 2022 до 2024 година.
Но тоа не е се бидејќи општина Велес, односно лично градоначалникот Марко Колев е потписник на договор кој е објавен на страницата за Јавни Набавки со Хотелот Романтик.
Договорот е во вредност од 600 илјади денари, а потписник е лично градоначалникот.

Oна што е интересно е што соогласно договорот 200 илјади денари се наменети за хотелско сместување, 200 илјади денари се јадење и пијалок и 200 илјади денари се одвоени за кетеринг, односно шведска маса.