Како и сè останато, така и модните детали се повторуваат низ историјата. Можеби мислите дека чокерите, припиените ланчиња кои се носат околу вратот, се изум од 90-тите, но тие всушност биле присутни долго низ историјата.
Ги носеле Кинезинки, Индијки, древни Еѓипќанки … и за сите биле различен симбол.
2500 пр. н. е.
Според Бостонскиот музеј за ликовни уметности, златните чокери ги изработувале сумерските занаетчии околу 2.500 година пр. н. е. Се сметало дека тие имаат заштитна моќ и тој што ги носи го штителе од несреќи и болести.
Крајот на 18 век
Во текот на 1790-тите во Франција, постоела мода младите жени да носат тенки црвени ленти околу вратот како чин на потсмев против аристократијата која во текот на револуцијата секојдневно завршувала на гилотина.
Она што започнало како шега се претворило во моден тренд. Ланчињата биле во форма на лента, а освен на вратот можеле да се носат и како моден детаљ на облеката, па најчесто се вкрстувале во облик на буквата X на грбот.
Средина на 19 век
Во тоа време, чокерите не претставувале ништо за пофалба. Имено, црните или црвените ленти околу вратот на девојките обично значеле дека се наоѓате во друштво на проститутка. Еден пример за тоа може да се најде во познатата слика на Мане, „Олимпија“.
Меѓутоа, чокерите би можеле да поминат и како обичен моден детаљ, дури и доколку се суди според сликите на Едгар Дега – таму балерините често околу вратовите имаат црни панделки.
Крајот на 19 и почетокот на 20 век
Наскоро и дамите од високото друштво почнале да ја следат оваа мода, па овој тип на накит можело да се забележи на кралските вратови. Така, Александра од Данска, сопругата на Едвард VII и царицата на Индија, прославила многу специфичен тип на чокер ѓердан.
Имено, во нејзино време се носеле бисерни чокер ланчиња кои го покривале целиот врат. Популарни биле и кадифените чокери со скапоцен камен во средината.

Злите јазици говореле дека кралицата со тоа се обидува да скрие грда лузна на вратот, но дамите од високото општество не прашувале – наскоро дамите низ европските дворови носеле широки чокер ѓердани од бисер и дијамант. Тие важеле за симбол на елитата, а најскапите биле рачно изработени и персонализирани така што совршено одговарале на вратот на одредена дама.
Крајот на 20 век
После ова, чокерите не биле толку во мода сè до 1990-тите и популарните чокер ѓердани во форма на лажна тетоважа – сигурно се сеќавате на нив, а веројатно и самите сте ги носеле.