Не игра Ѓоковиќ – Србија доживеа катастрофа во Дејвис купот

Српскиот тенис без Новак Ѓоковиќ не вреди многу за што доказ е дебаклот од Словачка во квалификациите за Дејвис купот.

Репрезентацијата на Србија загуби со 0-4 во Краљево иако важеше за голем фаворит против селекцијата која нема многу познати тенисери. Кецмановиќ загуби од 142. играч во светот Лукаш Клајн со 0-2, потоа Лајовиќ беше поразен од 122. Алекс Молчан за во двојки Кецмановиќ и Чачиќ да доживеат пораз од Клајн и Зеленај со 0-2.

Во четвртиот меч кој немаше резултатско значење, Ѓере го предаде мечот против Покорњи, а дуелот на Кецмановиќ и Молчан беше откажан.

Србија минатата сезона стигна до полуфиналето од Дејвис купот каде загуби од Италија, но оваа воопшто нема да учествува во завршницата.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial