Најдобриот кошаркар на Филаделфија, Џоел Ембид, нема да игра до крајот на актуелната сезона

Американските медиуми пишуваат дека најдобриот кошаркар на Филаделфија, Џоел Ембид, нема да игра до крајот на актуелната сезона. Ембид го повреди менискусот на левото колено на мечот со Голден стејт, а дополнителните тестови покажаа сериозно оштетување, поради што ќе биде надвор од терените. Медицинскиот штаб на Филаделфија и 29-годишниот кошаркар во моментов размислуваат за две опции: одмор или операција.

Доколку замине на операција, Ембид дефинитивно ќе испадне од трката за најкорисен играч во лигата (МВП).

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial