Албанија: Веб-страницата на ИНСТАТ повторно е во функција
Денеска онлајн страницата се отвора комплетно со соопштенија, официјални извештаи и одлуки.
ИНСТАТ и Агенцијата за информатичко општество и понатаму ги отфрлаат тврдењата на хакерите дека успеале да одземат над 100 терабајти податоци вклучувајќи ги и податоците од пописот на населението.
– Досега нема трага за компромитирање на пописот. Овие податоци се изолирани на друго место и од анализата се виде дека не се пронајдени траги кои водат до пописот. Досега пописот се нарекува безбеден и недопрен, тврдат од Агенцијата.