Ердем Џан доби – отказ!

Ефес е во потрага по нов тренер по разделбата со Ердем Џан, кој доби отказ по тешкиот пораз од Жалгирис (96-70), кој беше трет во низа за турскиот клуб.

Тој е седмиот стратег од Евролигата кој доби отказ оваа сезона, откако пред него беа отпуштени Скариоло (Виртус), Паркер (Асвел), Ивановиќ (Црвена звезда), Пенароја (Басконија), Итудис (Фенербахче) и Поцеко (Асвел). Ефес е изедначен на првото место во турскиот шампионат со Фенербахче со скор 15-3, но резултатите во Евролигата се лоши бидејќи имаат само девет победи, што е далеку помалку од очекувањата на раководството – дури и по заминувањата на Атаман, Мициќ и некои други важни фактори на стабилност од претходните години.

Џан минатата сезона беше избран за најдобар тренер во Еврокупот каде што маестрално го водеше Турк Телеком, а претходно во Фенербахче учеше од Жељко Обрадовиќ. А, колку го почитува српскиот тренер најдобро говори тоа што пред пријателскиот меч со Партизан дури и му ја бакна раката, што на некои не им се допадна, па дури беше јавно критикуван од неговиот сонародник Атаман, кого го наследи во Ефес.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial