Гостиварец физички ја нападнал сопругата

Вчеравечер (31 јануари) во 22 часот во Полициската станица Гостивар бил повикан на службен разговор 33-годишниот гостиварец С.М., кој три часа пред тоа бил пријавен од неговата 34-годишна сопруга, со која бил во бракоразводна постапка, дека околу 18 часот во семејниот дом физички ја нападнал.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial