Екипи од градските јавни претпријатија денеска се фатија за работа за конечно да ги тргнат украсите и од Градскиот плоштад и од улиците.
Градските власти решија дека треба да се стави крај на празнувањата. Новогодишното украсување започна неколку дена пред 15 декември, а градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска тогаш изјави дека Скопје ќе блесне во новогодишно руво на 15 декември.
Во изјава за медуми поради тоа што имаше реакции дека китењето почнало доцна, тогаш Арсовска рече дека наредната година би можело тоа да започне уште во септември.