Пожар во Kинескиот трговски центар во Белград, го гаснат над 50 пожарникари…

Нема извештаи за повредени или загинати лица. На терен се 62 пожарникари со 17 возила, како и припадници на полициската управа од Белград, вели началникот на Секторот за вонредни состојби, Лука Чаушиќ

Во Kинескиот трговски центар во Нов Белград, кој се наоѓа во блок 70 на улицата Јуриј Гагарин, утрово околу 7 часот избувнал голем пожар, пренесуваат српските медиуми.

Во гаснењето на пожарот вклучени се 17 противпожарни возила и 62 пожарникари, како и еден хеликоптер.

Според информациите кои ги пренесуваат српските медиуми во пожарот нема повредени лица или загинати лица.

Од видеата, кои се шират на социјалните мрежи, може да се види дека од центарот се издигнува густ чад.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial