Илјадници верници присуствуваа на големиот празник Водици во Охрид

Чествувањата започнаа утрово во 7 часот со богослужби во охридските парохиски цркви. Литиите од трите цркви „Св. Никола- Геракомија“, „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ и „Св. Георги“ од Горна Влашка Мала се сретнаа на плоштадот Св. Климент Охридски и се упатија на пристаништето.

Голем беше бројот и на верници кои денес влегоа во водите на Охридското Езеро да го фатат светиот крст, кој беше положен од страна на Дебарско – кичевскиот митрополит Тимотеј од кај Светилникот на пристаништето.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial