Љубовен хороскоп до 13 јануари!

Ролеркостер од емоции, смеа, но и солзи, сето тоа ги очекува хороскопските знаци наредната недела.

Овен
Вашата страсна природа ќе ве однесе далеку. Може да се заљубите во некој под влијание на тоа и само затоа што интензивно ќе размислите за таа личност. Подоцна, нема да разберете што се случило во вас и зошто се заљубивте толку брзо.

 

Бик
Ќе имате добра комуникација со другите и можете да создадете повеќе нови познаници и контакти, но нема да се случи ништо конкретно, романтично. Ова не е време да се реализираат романтични аспирации, туку да се остварат нови контакти.

Близнаци
Ќе бидете полни со надеж и планови за иднината, но тие нема да бидат доволно реални за да се остварат. Иако поголемиот дел од времето сте практични и реални, понекогаш се занесувате и ги гледате работите не како што се, но како што сакате да бидат.

Рак
Не сте во особено поволен период за љубов, а за тоа болно ќе бидете свесни и оваа недела. Најдобро би било да се свртите кон некои други сфери од животот и да чекате подобри времиња. Ако не го направите ова, ќе бидете многу фрустрирани поради недостатокот на можности за љубов.

Лав
Во наредниот период ќе бидете фокусирани на некои други области од животот и можеби нема да доживеете многу на љубовен план, но тоа не значи дека нема да сакате да доживеете нешто посебно. Дефинитивно ќе го посакате тоа и ќе бидете несреќни што немате можност.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial