Несекојдневна ситуација: Во англискиот ФА куп беше покажан црвен картон во форма на круг

Невообичаена ситуација се случи на натпреварот од англискиот ФА куп помеѓу екипите на Брентфорд и Вулверхемптон. Во деветтата минута главниот судија му покажа црвен картон на гостинскиот фудбалер Жоао Гомес, но на големо изненадување на сите, црвениот картон беше во форма на круг.

 

Сите беа изненадени, но објаснување стигна од судиската организација на Англија. Како што велат од таму, црвениот картон е во форма во круг за да му се олесни на судијата при вадењето на картонот од џебот во ситуација кога е сигурен каков картон ќе покаже, но и да им се помогне на оние навивачи кои не ги разилкуваат боите и кои само по формата на картонот може да разликуваат за каква санкција станува збор.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial