Автобусите за празниците ќе сообраќаат по неделен возен ред

За време на божиќните празници, односно на 6, 7 и 8 јануари, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред. Од ЈСП „Скопје“ информираат дека од вторник автобусите ќе продолжат да сообраќаат вообичаено, по редуциран делничен зимски возен ред кој ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.

На 7 јануари за сите билетарниците и центри за персонализација ќе биде неработен ден, а на 6 и 8 јануари, во сабота и во понеделник,  дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и во Ѓорче Петров.

Жичарницата сите денови ќе работи од 10 до 17 часот.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial