Здружението за заштита и едукација на деца и млади Роми Прогрес Скопје има објавено јавен повик за модератор на дебати за проект ,, Ромско младинско учество во јавните процеси на донесување одлуки и креирање на јавното мислење,, чија цел е развој на зголемување и зацврстување на инклузијата на младите во процесот на донесување одлуки и креирање на јавното мислење.
Заинтересираните кандитати треба да бидат запознаени со следниве полиња на интерес односно да можат да иницираат млади лица во детектирање и решавање на локални предизвици, како и да имаат познавање на работата на граѓанскиот сектор во Северна Македонија. Други услови што треба да ги усполнуваат се: да бидат добри ментори за работа во тим и да имаат искуство во работа со млади лица од различни етниски заедници . Истотака сакам да напоменам дека секое предходно искуство од оваа тематика е гледано како голема предност .
Сите заинтересирани кандидати треба да ја достават следната документација:
- CV (работна биографија во која треба да бидат наведени типот на ангажмани и претходно искуство конкретно во областа на претприемништвото) и прикажана диплома за високо образование.
Краен рок за пријавување е 13.12.2020 година на следнава е-маил адреса: roma.progress@yahoo.com или по пошта на следнава адреса: ул.Виетнамкса бр.60 – Скопје
- Лице за контакт: Ана Илиевска, контакт тел. 075/210-538
Ненавремено доставена и некомплетна документација нема да биде земена во предвид