Денеска на меѓународниот ден за елиминација на насилство против жените и девојчињата министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски имаше свое обраќање во рамки на проектот на Комората за приватно обезбедување „Портокалова дланка-обединети во активизам против насилство врз жените и девојчињата”.
„Изминативе години во светот и кај нас во голема мера се рушеа предрасудите околу родовото насилство, особено насилството врз жените и девојчињата. Колку повеќе се соочувавме со оваа проблематика, толку повеќе растеше свесноста за целокупната сложеност, специфичност, условеност на проблемот, односно колку и во која мера оваа социо-патолошка појава објективно ги тангира речиси сите сегменти на општественото живеење и функционирање”, истакна Спасовски надополнувајќи дека низ призмата на полициската практика во поглед на насилството врз жените не се соочуваме само со семејната дисфункционалност, туку со низа сериозни социо-економски фактори, со културно – традиционалистички квази-вредности, со образовно-воспитни субстандарди, со социо-патолошки и криминогени фактори, кои што лежат во заднината на оваа општествено, но и индивидуално крајно сериозна проблематика”, истакна Спасовски надополнувајќи дека родово базираното насилство, односно семејното насилство е сериозен проблем и бара внимание и постапување од соодветните институции по поднесена пријава, се со една единствена цел, а тоа е заштита на жртвите и казнување на сторителите на насилството.