Вејн Руни да се справи со притисокот неконтролирано пиел алкохол…

Поранешниот капитен на Англија, Вејн Руни изјави дека пиел претерано на почетокот на кариерата за да се справи со притисокот на славата. Говорејќи на подкастот на поранешната рагби ѕвезда и активист за болести на моторните неврони Роб Бароу, тренерот на Бирмингем отворено зборуваше за тешкотиите со кои се соочувал во текот на неговата кариера во изнаоѓање начини да се справи со притисоците на славата како млад.

Како 16-годишен Руни влезе во првиот тим на Евертон, една година подоцна стана и репрезентативец, а на 20-годишна возраст се пресели во Манчестер Јунајтед. Тој рече дека сиот тој успех има цена.

– „Моето ослободување во раните дваесетти беше алкохол. Ќе си одев дома, ќе поминев неколку дена дома, не ќе излезев. Би пиел додека за малку не се онесвестив. Не сакав да бидам покрај луѓе, бидејќи понекогаш се срамев. Понекогаш се чувствувате како да сте ги разочарале луѓето, не знаев како поинаку да се справам со тоа“, изјави Руни, пренесе Скај. Кога не прифаќате помош, може да бидете на навистина лошо место, а јас бев таму неколку години. За среќа, сега не се плашам да разговарам со луѓето за проблемите“, додаде Руни, пренесува Бета.

Руни е најдобар стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед со 253 гола, кои ги постигна на 559 натпревари и до неодамна беше најдобар стрелец на репрезентацијата на Англија со 53 гола.

Тој освои пет шампионски титули со Јунајтед, Лигата на шампионите, Лигата на Европа, ФА Купот, три Лига купа, четири Комјунити Шилдс и Светското клупско првенство.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial