Ибрахимовиќ со мистериозна порака го најави враќањето во Милан!

Се очекува Златан Ибрахимовиќ наскоро да добие функција во Милан, според неговата последна објава на социјалните мрежи, работата е договорена.

Ибрахимовиќ објави својата фотографија и напиша: „тик така тик така“.

Тоа е протолкувано како скоро враќање во Милан.

Според „Скај Спорт Италија“, Ибрахимовиќ се очекува да добие некоја оперативна улога во спортскиот дел на Милан.

Ќе има моќ да носи одлуки и ќе биде врска меѓу раководството на клубот и фудбалерите и стручниот штаб.

Во наредните денови се очекува тој и официјално да биде промовиран на новата функција.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

 
Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial