Жител на Охрид загина во сообраќајка кај Битола, сообраќајот на патот Битола – Ресен е нормализиран.
50 годишен жител на Oхрид загина во сообраќајка кај Битола.
Во СВР Битола вчеравечер било пријавено дека на магистралниот пат битола – ресен, во близина на битолското село Братиндол, се случила сообраќајна незгода помеѓу патнички возила „БМВ” и „Рено клио”.
возилото „БМВ“ било управувано од 24 годишник од селото езерани, ресенско, во кое сопатник било лице на 25 годишна возраст .
Лицето што загина го управувало возилото „Рено клио”, со охридски регистарски ознаки, во кое имало и сопатничка.
Кај сопатниците констатирани се повреди.
Увидот синоќа го вршеше увидната екипа на СВР Битола.
Сообраќајот на патот Битола – Ресен е нормализиран.
Од 06:30 часот на регионалниот пат Струмица – селото Костурино, во близина на „Македонска куќа“ поради сообраќајна незгода, сообраќајот е во целосен прекин.