Фон дер Лајен доаѓа во Скопје во недела, прва средба со претседателот Стево Пендаровски

Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен во недела доаѓа во Македонија, и нејзината прва средба ќе биде со претседателот Стево Пендаровски со кого ќе има работна вечера во организација на шефот на државата. Агендата на Фон Дер Лајен ќе продолжи во понеделник каде нејзин домаќин ќе биде претседателот на владата на република северна Македонија, Димитар Ковачевски. Според соопштението, во владата претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен, ќе биде пречекана со највисоки државни почести.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial