Урсула фон дер Лајен на 29ти октомври доаѓа во Скопје

Шефицата на Европската комсија, Урсула фон дер Лајен во недела на 29ти окотмври доаѓа во Скопје, потврдуваат високи европски дипломатски извори за телевизија 24. Според нив, најавата за посетата на Македонија и агендата на Фон дер Лајен ќе биде објавена овој петок на официјална страна на Европската Комисија.

Денеска премиерот Ковачевски не го кажа датумот на посетата, но најави дека евроинтегративниот пат на земјава ќе биде една од клучните теми на разговор.

– Јас ви најавив прв дека ќе има посета на претседателката на Европската комисија, меѓутоа оставив тие да ја најават посетата, бидејки секогаш гостинот го највува точниот тајминг. Може да поразговараме за скрининг процесот, за инвестициите кои што Европската Унија ги прави во нашата земја, но секако една од клучните теми е продолжувањето на нашиот евроинтеграциски пат. Бидејки ние сме држава која што е најдобра во регионот, сигурно дека ЕУ, којашто веќе го отпочна процесот за свое реформирање, со оглед на тоа дека ќе има прием на нови членки, сака да ја види земјата и во своите редови, бидејќи оној којшто е најдобар треба и прв да влезе, кажа Ковачевски.

Урсула Фон дер Лајен последен пат ја посети земјава минатата година, непосредно пред гласањето на преговарачката рамка со ЕУ. Тогаш во Собранието беше дочекана со транспаренти и свирежи. Додека зборуваше во собраниската сала некои пратеници на ВМРО ДПМНЕ носеа и маици на кои пишуваше НЕ. ПРЕДАВНИЦИ, ФАШИСТИ. Апасиев извади и свирче со кое свиреше, а кога Фон Дер Лајен кажа да се прифати предлогот тој и остави транспарент на говорницата на кој пишуваше НЕ и ја напушти салата.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial