Бебето-сонце на Телетабиси порасна во голема девојка, која сподели прекрасни вести (ФОТО)

Бебето-сонце претставуваше повик за будење или за спиење на телетабисите.

 

Телетабиси – кратка детска драмска серија со која пораснаа генерации. Детски филм, кој истовремено е сакан и оспоруван. Ликови кои сѐ уште се паметат по шармантните насмевки. Тинки, Винки, Дипси, Лала, правосмукалката, но и неодоливото бебешко сонце.

Дали се сеќавате конкретно на тоа сонце? Бебето што се смешкаше од жешкото сонце сега е возрасна жена која објави убава вест.

 

Имено, Џеси Смит денес е 28-годишна жена која наскоро и самата ќе добие бебе.

Кога двајца ќе станат тројца – напиша Смит покрај ултразвучната фотографија која ја објави на својот инстаграм-профил и го означи својот партнер со кој е во долга и среќна врска.

 

 

Сега е време бебето на Џеси да биде она со кое таа и нејзиниот партнер ќе се будат и легнуваат.

Фото: Инстаграм

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial