По внатрепартиски расправии, од функцијата генерален директор на МЕПСО е разрешен поранешниот пратеник Сурија Рашиди.
Веста Рашиди ја примил во Брисел додека бил во официјална посета, спорет телевизија Клан М. Разрешувањето на Рашиди се очекува да помине во управниот одбор на АД МЕПСО, додека Клан М дознава дека наместо Рашиди се очекува да биде именуван Зуди Кока од истата партија – Алијанса.
Зуди Енузи Кока лани во јули беше разрешен од позицијата директор на „комунална хигиена“ од страна на скопската градоначалничка Данела Арсовска, откако неговиот брат Цуфи впери пиштол во поворката што учествуваше на протестите против францускиот предлог додека се движеше кон зградата на МНР.
Тогаш имаше мал број на полицајци во моментите кога дојде до инцидентите, но потоа пристигна поголем полициски кордон и ги одвои двете групи, со што се спречи поголем инцидент. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски подоцна рече дека требало да биде убиен од Цуфи.