Во Албанија во последните 24 часа се изгаснати 10 пожари

Високите температури кои ја зафатија Албанија во овој период активираа многу пожари. Во операциите за гаснење на пожарите беа ангажирани 70 пожарникари, 15 противпожарни возила, 70 лица од Армијата, над 40 вработени во Шумското стопанство и општините, десетици граѓани доброволци, поддржани од хеликоптери, пренесува Албанска телеграфска агенција.

Премиерот Еди Рама  соопшти дека во последните 24 часа низ државата се изгаснати 10 пожари. За гаснењето на пожарите Рама рече дека се ангажирани 100 припадници на вооружените сили.

„Благодарение на континуираната работа на силите за цивилна итна помош, исто така помогнати од вооружените сили и под координација на Агенцијата за цивилна одбрана.„

Со висока професионалност се изгаснати 10 пожари, избегнувајќи поголеми штети на целата територија на државата во последните 24 часа“, соопшти премиерот, пренесе Албанска телеграфска агенција.

Wordpress Social Share Plugin powered by Ultimatelysocial