Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел од Бледскиот стратешки форум испрати порака дека до 2030 година Европската Унија мора да биде подготвена за ново проширување.
Ваквата порака од страна на македонската Влада е оценета како можност што треба да се искористи и со заедништво да се завршат задачите што ни престојат.
Говорот на претседателот на Европскиот совет е сериозна пресвртница во политиката на ЕУ за проширувањето, вели во изјава за МИА вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.
Ваквиот сигнал од ЕУ, според Маричиќ, треба да се искористи и би било жално доколку ја пропуштиме шансата и се блокираме самите себеси.
Од друга страна, опозициската ВМРО-ДПМНЕ останува на својот став дека нема да дозволи уставни измени под, како што велат, бугарски диктат. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера во изјава за медиумите, рече дека Владата нема кредибилитет и политички легимитет и оти е логично барањето за предвремени избори.